Утрински Весник
Свет

(Видео) Полскиот, чешкиот и словенечкиот премиер се сретнаа со Зеленски во Киев

(Видео) Полскиот, чешкиот и словенечкиот премиер се сретнаа со Зеленски во Киев

На социјалните мрежи е објавена снимка од средбата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со премиерите на Чешка, Полска и Словенија.

Како што претходно објавија чешките медиуми, тројцата премиери наводно утрово ја преминале границата со Украина, а потоа со воз пристигнале во главниот град на земјата.

Петар Фиала, Матеуш Моравјецки и Јанез Јанша имаа намера да презентираат широк пакет за поддршка за Украина по симболичното патување кое е со цел да се покаже европската солидарност со украинскиот народ.

Полскиот премиер Моравјецки вели дека средбата е порака оти Украина може да смета на помошта од своите пријатели.

Можете да прочитате

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата

Жесток ирански напад врз Тел Авив

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров