Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Полицијата растури масовна божиќна забава на плажа во Сиднеј

(Видео) Полицијата растури масовна божиќна забава на плажа во Сиднеј
Img 7972

Австралиската интервентна полиција во Сиднеј била повикана на популарната плажа Бронте во градот за да ја запре масовната божикна забава, пренесува „Ченел 9“.

Голема толпа народ се собрала во источното предградие на Сиднеј на божикна забава. Малкумина од присутните носеле маски и не одржувале социјална дистанца, како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи на австралиските медиуми.

Областа се наоѓа на само неколку километри од северните плажи, каде што илјадници луѓе беа принудени да останат во карантин и да ги откажат своите божикни планови поради зголемениот број случаи на коронавирус.

Австралискиот ТВ-водител Џош Холт упати остри критики кон оние што учествувале во забавата и ги обвини т.н. божикни журкаџии за себичност.

Според Министерството за здравство, Австралија регистрирала вкупно 28.262 случаи на Ковид-19 од избувнувањето на пандемијата. Бројот на починати сега изнесува 908. Земјата воведе голем број мерки за спречување на ширењето нови случаи на коронавируси, вклучувајќи социјално дистанцирање, делумен режим на ограничено движење и забрани за патување.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа