Утрински Весник
Свет

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград.

Порталот објави дека новинарката Милица Божиновиќ била удрена со пендрек по прстите по што ѝ паднал телефонот од раце, а на другата новинарка Наташа Латковиќ ѝ била фрлена новинарската легитимација.

Како што објави „Нова.рс“ и двете се легитимирале на полицијата.

„Јас сум новинарка, зошто ме удирате, јас сум новинарка“, се слуша Божиновиќ на видеото.

„Ова е катастрофа. Не ги интересираше дека сме новинарки. Ме удри со пендрекот по прсти два пати. Почнав да се тресам“, рекла Милица.

„Нова.рс“ објави дека бил нападнат уште еден новинар. Исто така, порталот објави дека  Божиновиќ и на вчерашниот протест била удрена со пендрек додека известувала од терен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп