Утрински Весник
Свет

(Видео) Полицијата во Каталонија “бомбардирана“ со свински глави поради смената на регионалниот претседател

(Видео) Полицијата во Каталонија “бомбардирана“ со свински глави поради смената на регионалниот претседател

По одлуката на шпанскиот Врховен суд да ја поддржи суспензијата на регионалниот претседател Квим Тора, стотици демонстранти излегоа на улиците, од кои дел ја нападнаа силно вооружената полиција со свински глави, пренесува РТ.

Протестите беа организирани од Комитетите за одбрана на Републиката, а приврзаниците ги исполнија улиците на каталонскиот регионален главен град за да ја изразат својата огорченост од одлуката и зголемениот гнев поради справувањето со пандемијата на Ковид-19 од страна на Мадрид.

https://www.youtube.com/watch?v=4ehg3sIgWPA

Кога демонстрантите стигнаа до Канцеларијата на јавниот обвинител, беа запрени од бариера подигната од полицијата, „Мосос д’Есквадра“, по што тие започнаа да ги бомбардираат полицајците со исечени свински глави. Локалните медиуми објавија дека имало најмалку пет уапсени за време на маршевите.

Запалени биле контејнери за отпадоци, а демонстрантите присилно ги отвориле и портите на паркот „Сиутадела“, кој беше затворен од 16 часот попладне во понеделникот. Свински глави беа оставени и пред Министерството за правда.

Организациите за независност повикаа на митинзи низ целиот регион како одговор на одлуката на судот, а извици „Ниту еден чекор назад! Независност! “ и „Улиците секогаш ќе бидат наши!“ одекнуваа на демонстрациите. Постојано се повторуваа повици за ослободување на политичките затвореници и за самоопределување на Каталонците, народот грмеше: „Окупациските сили надвор!“

Во меѓувреме, Тора привремено ќе биде заменет од неговиот потпретседател, Пере Арагонес, сè додека не се одржат изборите.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk