Утрински Весник
Свет

(Видео) Полицаец во Филаделфија прегазен од камион на протест поради полициско пукање

(Видео) Полицаец во Филаделфија прегазен од камион на протест поради полициско пукање
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку еден полицаец беше прегазен од камион во Филаделфија кога демонстрантите ги преплавија улиците во понеделникот вечерта како одговор на фаталното пукање на полицијата претходно во текот на денот, пренесува „Њујорк пост“.

Прегазениот полицаец може да се види на снимките на социјалните мрежи додека црн камион влетува во група полицајци наредени преку улицата за да се заштитат од демонстрантите кои доаѓаат, објави „Филаделфија енквајер“.

Здравствената состојба на поливаецот засега не е позната.

Неконтролираните протести избувнаа поради смртта на Вотер Валас, кој беше застрелан од полицијата откако одбил да го фрли ножот што го поседувал.

Снимките објавени на Твитер од репортерката на „Филаделфија енквајер“, Саманта Меламед, покажуваат демонстранти околу запалените контејнери и полициски автомобили.

Весникот објави дека некои демонстранти фрлале со предмети, вклучително и цигли, кон интернетната полиција за време на напнатиот судир пред седиштето на полицијата. Грабеж е пријавен и во неколку продавници во градот.

Видеото од кобната средба од понеделник го покажува Валас како оди кон полицајците кои ги извлекуваат пиштолите. Сведоци за „Енквајер“ изјавиле дека Валас носел нож, но не им се нафрлил на полицајците. Двајца полицајци отвориле оган кон Валас. Неговиот татко, Волтер Валас Сениор изјави дека неговиот син бил застрелан 10 пати.

Имињата на полицајците вклучени во инцидентот не беа објавени веднаш. Комесарот на полицијата во Филаделфија, Даниел Аутло, рече дека истрагата е во тек.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода