Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во Ново Мексико – две лица загинаа, уништени се 200 куќи

(Видео) Пожар во Ново Мексико – две лица загинаа, уништени се 200 куќи

Во шумски пожар во државата Ново Мексико на југот на САД загинаа две лица, уништени се 200 куќи, а околу 5.000 луѓе се евакуирани.

Противпожарните екипи ги искористија поволните временски услови да изгаснат дел од пожарот, но метеоролозите повторно најавуваат засилен ветер во јужниот дел на Ново Мексико.

Асошиетед прес јавува дека околу 5.000 луѓе биле евакуирани од планинската населба Руждозо поради пожарот.

Полицијата во Ново Мексико потврди дека две лица загинале претходно оваа недела во пожар предизвикан од пад на далновод поради силни налети на ветер.

Според претпоставките, пожарот уништил 23 метри квадратни шума и трева.

Шест нови големи пожари се пријавени низ САД, три во Тексас, два во Колорадо и еден во Оклахома.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили