Утрински Весник
Македонија

(Видео) Поддршка од германскиот министер за Европа, Михаил Рот за коалицијата „Можеме“

Screen shot 2020 07 05 at 6.50.20 pm
Dik 300x250 mk

 

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот преку видео обраќање упати силна поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.

„Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија.

Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија“, рече Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија,Германија.

Текстот (Видео) Поддршка од германскиот министер за Европа, Михаил Рот за коалицијата „Можеме“ е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија