Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Повеќе од 100.000 луѓе протестираа нa улиците во Минск, 633 уапсени

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Img 7972

Белоруската полиција соопшти дека уапсила 633 лица на вчерашниот протест против претседателот Александар Лукашенко, кој владее 26 години и победи на изборите во август, чиј легитимитет оттогаш беше оспоруван од опозицијата и нејзините приврзаници на масовните протести.

„Вкупно 633 лица беа приведени вчера (недела) за кршење на законот за масовни собири“, соопшти белоруското Министерство за внатрешни работи.

Во притвор се наоѓаат уште 363 лица кои чекаат судење.

Ова е најголем број приведени од 9 август, кога Белорусите изразија незадоволство од резултатите на изборите, за кои сметаат дека се наместени, на масовниот протест, кој беше задушен од безбедносните сили.

https://www.youtube.com/watch?v=28HZy9-JG_0

Повеќе од 100.000 луѓе маршираа низ центарот на Минск во неделата, четврти викенд по ред, и покрај големиот број полицајци распоредени на улиците на главниот град.

На снимката се гледа како специјалци со „фантомки“, во цивилна облека или униформи, патролираат низ центарот на градот со палки, бркајќи ги демонстрантите.

Протести имаше и во други градови, како што се Гродно или Брест.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха