Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски се сретна со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен

Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на НАТО Самитот имаше кратка средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на американската поддршка за македонските европски аспирации, како и помошта во конкретни области, вклучувајќи го унапредувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу САД и Северна Македонија, при што беше оценето дека почетокот на Стратешкиот дијалог месецов претставува важен исчекор во развојот на односите меѓу двете држави и конкретна имплементација на Стратешкото партнерство.

Во однос на безбедноста на европскиот континент, и влијанието на руската инвазија врз Украина на стабилноста на европскиот континент, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија е подготвена за споделување на предизвиците како полноправна земја членка на НАТО. Тој посочи дека членство на Шведска и Финска во НАТО ќе придонесе за зајакнување на безбедноста во Европа и на НАТО во целина.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните