Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб

(Видео) Пендаровски оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во официјална посета на Хрватска, на гробиштата „Мирогој“ во Загреб положи венец и оддаде почит на гробот на македонскиот револуционер и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, Панко Брашнаров.

Пендаровски беше запознаен со напорите за враќање на посмртните останки на Брашнаров во родниот Велес.

На спомен-плочата, поставена на гробот, е испишано „Животворниот извор на слободата не секна“, извадок од поздравниот говор на Панко Брашнаров на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ во Манастирот „Св. Прохор Пчињски“.

Можете да прочитате

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат, недовербата во институциите е иста

СДСМ: Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

Доставена петиција „Безбеден град“ да казнува и за фрлање отпушоци