Утрински Весник
Свет

(Видео) Очајни мајки фрлаат бебиња преку жичена ограда за да ги спасат од талибанците

(Видео) Очајни мајки фрлаат бебиња преку жичена ограда за да ги спасат од талибанците

Илјадници луѓе се туркаат кон високите жичени огради, кои се единствениот начин за влез во британскиот авио-комплекс, центарот на излезот од Авганистан.

Ова место, за многумина, е порта кон слободата и крај на сонот за бегство од талибанците.

Импровизираната барикада што ја одделува британската армија од талибанците се чувствува како воена зона. Но, ова не ги спречува семејствата со деца да ги ризикуваат своите животи, и покрај пукањето во комплексот.

„ Беше страшно, жените ги фрлаа своите бебиња преку жицата, барајќи од војниците да ги земат, некои се фатија во жицата …“ рекле високи офицери.

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Путин го ограничува извозот на готовина и злато

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението