Утрински Весник
Свет

(Видео) „Отворен Балкан“ – Вучиќ ги пречека Рама и Димитров

(Видео) „Отворен Балкан“ – Вучиќ ги пречека Рама и Димитров

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска е домаќин на премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот на Македонија, Никола Димитров.

Средбата во Палатата Србија се одржува во рамки на иницијативата за соработка наречена „Отворен Балкан“. По тој повод, Вучиќ на Инстаграм порача дека „Отворениот Балкан“ е историска одлука.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Инаку, како што е најавено, Вучиќ, Рама и Димитров прво ќе разговараат со претставници на компании од Србија, Албанија и Северна Македонија. Потоа следува средба на тројцата функционери со претставници на Атлантскиот совет, па ќе се одржи средба на тројцата функционери, по што Вучиќ, Рама и Димитров ќе се обратат пред медиумите.

Иницијативата за отворен Балкан е економска зона формирана од три регионални земји – Албанија, Северна Македонија и Србија – и има за цел да ја зголеми трговијата и соработката, како и да ги подобри билатералните односи.

На 10 октомври 2019 година, Вучиќ, Рама и македонскиот премиер Зоран Заев започнаа иницијатива која неформално беше наречена „Мали-Шенген“, а која беше поддржана од Европската Унија и САД.

Оригиналното име на Мини Шенген иницијативата беше сменето во Отворен Балкан на крајот на јули, на состанокот во Скопје, на кој присуствуваа лидерите на трите земји, Александар Вучиќ, Еди Рама и Зоран Заев.

На таа средба беше договорено граничните контроли меѓу трите земји да бидат укинати од 1 јануари 2023 година, а беа потпишани три документи – Меморандум за разбирање за соработка во олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан, Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан и Договор за соработка во заштитата од катастрофи на Западен Балкан.

Можете да прочитате

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран

УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран

Генерален штрајк во Италија, големи прекини во сообраќајот