Утрински Весник
Магазин

(Видео) Одложени премиерите на „Мулан“, „Аватар“ и „Војна на ѕвездите“

(Видео) Одложени премиерите на „Мулан“, „Аватар“ и „Војна на ѕвездите“

Филмското студио „Волт Дизни“ во четвртокот ја одложи премиерата на својот филм „Мулан“ на неодредено време, нанесувајќи им нов удар на операторите на киносали кои се надеваа дека долгоочекуваната лајв-екшн верзија на епскиот анимиран филм ќе помогне во привлекување публика во време на пандемија.

„Мулан“ првично требаше да почне да се прикажува во март, но премиерата беше одложувана неколку пати бидејќи многу киносали сè уште се затворени.

„Дизни“ исто така соопшти дека ги одложува новите продолженија на два од неговите најголеми серијали, „Аватар“ и „Војна на Sвездите“, за една година, поради светската здравствена криза предизвикана од новиот коронавирус Ковид-19.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вакцина против старечките „зомби“ клетки

Eдноставни тестови откриваат дали доматот е навистина добар

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда