Утрински Весник
Македонија

(Видео) Одбележани 20 години од формирањето на Единица за брзо распоредување (ЕБР)

(Видео) Одбележани 20 години од формирањето на Единица за брзо распоредување (ЕБР)

Денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров се одржа свечената церемонија на која Министерството за внатрешни работи одбележа уште еден јубилеј – 20 години од Единицата за брзо распоредување.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање истака дека на 23 август македонската полиција одбележува уште еден, исклучително значаен настан – 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, која како организациска структура темелно е позиционирана во нашиот систем на полициско функционирање и дејствување.

„ЕБР претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата. Сите нејзини припадници од 2001 година, кога е формирана Единицата, па сè до денес, преку своите активности, трансформации, вложен труд, врвни обуки, професионализам и постигнати видливи резултати, сето тоа недвосмислено го докажаа и покажаа, овозможувајќи оваа полициска организациска единица да биде она што е денес: суштински неопходна полициска формација, особено во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување во оној севкупен концепт на европски полициски систем на безбедност, кон кој што целиме и интензивно го градиме во изминативе неколку години“, потенцираше министерот Спасовски.

Можете да прочитате

Герасимовски: Мораториумот не ја постигна целта, над 300 барања за градба чекаа во Центар

Герасимовски: Планот за „Барутана“ ќе оди на дополнителни стручни анализи

Мицкоски: До крајот на годинава очекувам договор за локацијата на новиот Клинички