Утрински Весник
Свет

(Видео) Огромни гужви во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

(Видео) Огромни гужви во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање на национално ниво, најавено и воведено од претседателот Емануел Макрон пред неколку дена.

Видеото објавено на „Твитер“ покажува огромен број парижани кои се обидуваат да ја напуштат француската престолнина со намера да го избегнат полицискиот час и почетокот на другите мерки од полноќ. Сликите покажуваат гужви и застои од по неколку десетици километри.

Многумина ја искористиле последната шанса и ја поминале ноќта со семејството и пријателите пред да се затворат сите барови и ресторани, откако Франција влезе во нова блокада. Во исто време, Французите ги испразнија полиците на супермаркетите во новата панична набавка што последен пат се случи во март кога цела Европа слично се подготвуваше да се затвори поради пандемијата од вирусот.

Луѓето купувале огромни резерви на тестенини и тоалетна хартија, додека огромни редици имало и пред фризерските салони, јавуваат светските медиуми. Канцелариски работници од француската престолнина ја пренесувале совојата работна опрема со автомобили и возови како подготовка пред новото затворање.

Заклучувањето на Макрон ќе трае најмалку до 1 декември.

Само оние со најитни потреби ќе можат да ги напуштат своите домови, за што ќе им треба посебна потврда, а сè ќе проверува полицијата.

Макрон во најавата на мерките рече дека полицискиот час во Париз и другите поголеми француски градови не успеал да го запре ширењето на заразата, додавајќи дека 400.000 луѓе би умреле од Ковид-19 доколку не бидат донесени нови драстични мерки.

Во Франција, во болниците во моментов има 21.183 лица со Ковид-19. За споредба, во април оваа бројка беше повеќе од 32.000.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење