Утрински Весник
Македонија

(Видео) НСДП: Ќе се залагаме за намалување на искористувањето на фосилни горива

(Видео) НСДП: Ќе се залагаме за намалување на искористувањето на фосилни горива

Обновливите извори на енергија за многумина се иднина, за НСДП тие се сегашност.
НСДП ќе се залага за приклучување кон светските напори за намалување на искористувањето на цврсти и фосилни горива, изјави портпаралот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајкоски.

„Еден од приоритетите е финансиска поддршка на јавните и приватните објекти да извршат замена на постоечките нееколошки системи за греење со технологии засновани на природни извори на енергија, како и технологии за зголемена енергетска ефикасност на самите објект. Државните установи и институции сметаме дека први треба да го направат овој еколошки исчекор. Правото на чист воздух е едно од најважните и сигурни сме дека може да се оствари преку низа мерки меѓу кои: изградба на инфраструктура за централно греење во секој град, стимулирање на производство на струја од соларна енергија“, рече тој.

Трајковски додаде дека нема дилеми околу потребата за обезбедување здрава вода за сите, но претходно езерата и реките мора да се исчистат од хемикалии и пестициди кои несовесно се истураат во нив.

„Се залагаме за зачувување на слатководниот жив свет на природните езера со одредување заштитни зони, за искористување на подземните води за наводнување за земјоделските полиња и градското зеленило. Неопходно е да ставиме крај на дивите депонии, да воведеме систем на примарна селекција на отпадот, да го забраниме користењето на отпадот за суровина и енергенси. Да станеме одговорни кон животната средина, а со тоа и кон самите себе“, рече Трајковски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа