Утрински Весник
Свет

(Видео) Нов начин како да ги полнат резервоарите со гориво, крадат сред бел ден со помош на канта за ѓубре

(Видео) Нов начин како да ги полнат резервоарите со гориво, крадат сред бел ден со помош на канта за ѓубре

Како што поскапуваат горивата, крадците пронаоѓаат нови начини како да ги наполнат резервоарите на автомобилите, а камерите забележале една таква кражба.

Видеото е снимено во Велика Британија и прикажува човек со качулка како доаѓа на бензинска пумпа со кофа. Потоа полни со безоловно гориво во вредност од 143 фунти, по што лежерно заминува додека луѓето гледаат шокирани, пишува британски Дејли Мејл.

https://www.youtube.com/watch?v=UdhwuFmcG2w

Во реакциите еден од набљудувачите вели: „Не ми се верува. Кој користи канта за ѓубре за да краде бензин? Тоа е апсолутно лудо. Мора да е некој од околината бидејќи очигледно само ја повлекол кантата за ѓубре“.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека полицијата добила пријава за две кражби на бензин од иста бензинска пумпа, а во двата случаи, лица влегле во фоајето и украле гориво користејќи канта за ѓубре со тркала.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking