Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нови 97 граѓани на Авганистан пристигнаа во Македонија

(Видео) Нови 97 граѓани на Авганистан пристигнаа во Македонија

Нови 97 граѓани од Авганистан денеска пристигнаа во Скопје. Тие ќе бидат привремено сместени додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација.

Од Владата информираа дека трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.

„Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот“, велат од Владата.

 

Можете да прочитате

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар