Утрински Весник
Македонија

(Видео) Николов: Менаџментот на МЕПСО потпишал договор за набавка на авио билети во износ од 125 илјади евра

(Видео) Николов: Менаџментот на МЕПСО потпишал договор за набавка на авио билети во износ од 125 илјади евра

Во сето безредие и хаос со енергетската криза, менаџментот на МЕПСО во август решил да патува и потпишал договор за набавка на авионски билети за европски и далечни дестинации во износ од 125.000 евра, за што сведочат документите до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ. Ова го истакна Горан Николов, член на комисија на опозициската партија за енергетика.

„Во август се потпишува договор за авио билети, кога е јасно дека криза галопира во Македонија. Се троши на авио билети иако 2020-та година во МЕПСО се акумулирани загуби од 6 милиони евра. За да биде појасно, преносот на електрична енергија е регулирана дејност. Тоа значи дека ако компанијата се менаџира домаќински, не смее и не може да има загуби. Ова покажува само едно, дека во МЕПСО, компанија каде со години владее превработеност, непотизам и нестручност, не им е важно што народот едвај врзува крај со крај, не им е важно што во секој момент се очекува зголемување на цената на струјата. Најважно од сé е вработените на МЕПСО да може да патуваат. И тоа на грбот на македонскиот граѓанин“, изјави Николов.

Николов повика на одговорност.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош