Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Неколку лица повредени во експлозија на гас во Германија

(Видео) Неколку лица повредени во експлозија на гас во Германија
Img 7972

Неколку лица се повредени, од кои едно потешко, во експлозија на гас во градот Меминген, во германската покраина Баварија.

Експлозијата се случила во зградата на Црвениот крст на Баварија. Според „Алгојер цајтунг“, една жена е тешко повредена и со хеликоптер е пренесена во болница во Мурнау.

Исто така се претпоставува дека жената ја предизвикала експлозијата. Според списокот станува збор за чистачка која ги чистела просториите на Црвениот крст.

Кога го запалила светлото, дошло до експлозија, тврди весникот, но полицијата и пожарникарите сè уште не го потврдиле тоа.

Вкупно четири лица се повредени во експлозијата, соопшти противпожарната служба.

По експлозијата, што се случила утринава околу шест часот, станарите на сите згради во областа се евакуирани, бидејќи не е исклучена можноста за нови експлозии.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа