Утрински Весник
Свет

(Видео) Невреме со дожд и град во Франција, едно лице го загуби животот

Невремето со дожд и град што зафати поголем дел од Франција однесе еден човечки живот, оштети лозја и принуди илјадници излетници да бараат засолниште.

Жена го загубила животот бидејќи била заробена под автомобил во порој во градот Руан на северот на земјата, соопштија од кабинетот на градоначалникот, пренесува Франс 24.

Во Париз саботните настапи на музичкиот фестивал беа откажани поради лошите временски услови, а речиси 40.000 посетители на концертот беа замолени да го напуштат концертниот простор во шумата Вансена на периферијата на главниот град.

Можете да прочитате

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија