Утрински Весник
Магазин

(Видео) Небото над Мелбурн осветлено од метеор за Денот на вљубените

(Видео) Небото над Мелбурн осветлено од метеор за Денот на вљубените

Небото над Мелбурн во неделата вечер, на Денот на вљубените, било осветлено од метеор.

Би-би-си објави видео кое покажува блесок од пад на метеор, што, како што наведува, дополнително придонел за романтичната атмосфера на Денот на вљубените во овој австралиски град за време на петдневните мерки за заклучување поради пандемијата.

Според австралискиот портал „9Њуз“, Здружението на астрономи објавило дека многу веројатно станува збор за камен што кружел околу Сонцето милиони години, односно дека земјината атмосфера го привлекла и дезинтегрирала за само неколку секунди.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тинејџерите под невиден притисок: Генерација која расте со стрес и несигурност

Дневен хороскоп за 03 април 2026

Купола за автономен живот на Марс ќе биде претставена на првите вселенски игри во Русија