Утрински Весник
Свет

(Видео) На брегот на Ибица изгоре јахта вредна 23 милиони евра

На брегот на Ибица изгоре суперјахта, вредна повеќе од 23 милиони евра, на италијанскиот бизнисмен Паоло Скудиери.

dobivaj vesti na viber

Скоро 46-метарската духовна јахта се запали во четвртокот во Кала Саона, само еден месец откако бизнисменот ја запоседна. Луксузниот брод имал сопствен базен, теретана и пет спални соби.

Црниот чад кој се издигна над јахтата беше јасно видлив од островот, а се уште не е познато како настанал пожарот.

Шпанската крајбрежна стража испрати два спасувачки брода, кои успешно евакуираа девет патници и седум членови на екипажот. За среќа, никој не е повреден.

Не е познато дали Скудиери, бизнисмен за кој се вели дека вреди 500 милиони евра, бил на јахтата кога се запалила.

Паоло, кој е татко на четири деца и живее во Неапол, е директор на компанијата Групо Адлер, која се занимава со производство на автоделови, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот