Утрински Весник
Магазин

(Видео) Најскапиот филм на „Нетфликс“ ќе добие уште две продолженија

(Видео) Најскапиот филм на „Нетфликс“ ќе добие уште две продолженија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нетфликсовиот хит Red Notice („Црвено известување“) добива две продолженија, дознава „Дедлајн“.

Снимањето на вториот дел треба да започне на почетокот на 2023 година, во зависност од заложбите на ѕвездите на филмот, а сценаристот и режисер Роусон Маршал Тарбер веќе почна да го пишува сценариото.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс, и според странските медиуми, тие остануваат во претстојните продолженија, но ќе има и нови лица.

Двејн и Гал, наводно, за Red Notice заработиле неверојатни 20 милиони долари, а за продолженијата ќе бидат платени уште повеќе.

„Нетфликс“ претходно објави дека оваа акциона комедија станала најгледаниот филм првиот ден од емитувањето на стриминг-платформата. Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите на филмот.

“Ова е неверојатно! Што да кажам, вие сте најдобри и причината зошто снимаме филмови. Многу сум благодарна и возбудена. Честитки за Нетфликс и целата филмска екипа”, напиша Гал Гадот на Инстаграм.

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки