Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Најмалку 75 загинати во судир на банди во три затвори во Еквадор

(Видео) Најмалку 75 загинати во судир на банди во три затвори во Еквадор
Img 7972

Најмалку 75 лица се убиени во неколку немири во еквадорските затвори, соопштија властите, пренесува „Раша тудеј“.

Се верува дека зад насилството стојат банди кои се борат за превласт по неодамнешната смрт на еден од водачите.

Бунтовите избувнаа буквално во исто време во три големи затвори во различни делови на земјата.

Затворската служба на Еквадор, СНАИ, првично соопшти дека биле убиени 62 лица, но бројот на загинати подоцна се искачи на 75 лица.

Директорот на службата, Едмундо Монкајо, изјави дека немирите се резултат на војна меѓу моќните банди. Водачот на еден од нив, „Лос Чонерос“, беше убиен во декември, кратко време откако беше пуштен на условна слобода, што доведе до внатрешни конфликти и борба за превласт.

Полицијата добила пријава дека затворениците во затворот во пристанишниот град Гвајакил шверцувале оружје што планирале да го искористат за да ги убијат водачите на групата „Лос Чонерос“.

Утринскиот претрес во затворот предизвика немири, кога беа убиени 21 лице.

Немири беа пријавени и во затворите во градовите Куенка и Латакунга, во кои беа убиени 41 лице.

Властите веруваат дека насилството го организирале ривалите на групата „Лос Чонерос“ во пресрет на планираните атентати, пренесува РТ.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица