Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“.
Пожарникари и амбулантни возила беа испратени во фабриката на периферијата на градот Хендек, Сакарија. Фабриката е далеку од станбените области.
Allah yardımcıları olsun. #Sakarya pic.twitter.com/oFg9Fbeyh4
— S. (@PororooRSA) July 3, 2020
Гувернерот на Сакарија, Четин Октај Калдрм рече дека во моментот на експлозијата во фабриката работеле околу 150 до 200 луѓе. Фабриката имала 110 тони распскувачки материјали во својот магацин. Повредените се хоспитализирани, но нема загинати.
„Сите мерки за безбедност беа преземени околу фабриката. Бидејќи станува збор за фабрика за огномети, а експлозиите продолжуваат, во моментот не можеме да интервенираме “, рече Калдрм.
#Sakarya hendekte havai fişek fabrikasinda patlama meydana geldi çok sayida ambulans itfaiye olay yerine sevkedildi. pic.twitter.com/RSWHYjXwPm
— #Vatan #Millet #Sakarya. (@CVN__54) July 3, 2020
Во меѓувреме, шефот на Турската Црвена полумесечина, Керем Кнк, ги повика жителите на Хендек да останат дома и да ги затворат прозорците и вратите за да спречат вдишување на токсичните гасови. Кнк рече дека хемиските испарувања од експлозијата може негативно да влијаат на здравјето на луѓето.
Видео од инцидентот прикажува голем облак од чад во форма на печурки што се издига од фабриката. Експлозијата се слушнала и во други провинции како Коџели и Дузџе.
Sakarya’da Havaii Fişek Fabrikasında Patlama pic.twitter.com/wFANFGQRJG
— TC Tolunay ?? (@Bilgisellerim) July 3, 2020
Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за здравство Фахретин Коџа и министерот за труд и социјална заштита, Зумрут Зехра Селчук, се на пат за Сакарија по налог на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Текстот (Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција е превземен од МАКФАКС.