Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Најмалку 21 тркач загинаа поради лошото време на маратон во Кина

(Видео) Најмалку 21 тркач загинаа поради лошото време на маратон во Кина
Img 7972

Најмалку 21 лице загинаа како последица од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавијадржавните медиуми .

На патеката долга 100 километри, 172 натпреварувачи морале да поминат низ длабоките кањони и преку ридови, на надморска височина поголема од 1.000 метри.

По повеќе часа се случила ненадејна појава на град, леден дожд и силен ветер.

Невремето предизвикало свлечишта и одрони, што им ја отежнaло работата на спасувачките екипи.

 

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија