Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни протести за убиството на Афроамериканката Бреона Тејлор.
Полицајците беа застрелани околу 20:30 часот додека демонстрантите беа на улиците по одлуката на поротата, која за убиството не ги осуди полицајците, соопшти полицијата Луивила. Неидентификуван осомничен е уапсен на лице место.
Двајцата полицајци претрпеле повреди кои не се опасни по живот, рече Роберт Шредер, привремен началник на полицијата.
„Многу сум загрижен за безбедноста на нашите полицајци. Двајца полицајци беа застрелани вечерва, и тоа е многу застрашувачка и опасна ситуација“, додаде тој.
Еден од полицајците бил застрелан во стомакот, под панцирот и однесен на операција, додека другиот бил погоден во бутот, пренесува „Њујорк пост“.
Се појави и видео кое го покажува моментот на пукање. Се слушнаа неколку истрели, кои ја принудија полицијата да се повлече.
„Испукани куршуми! Испукани куршуми! Таму, да. Полицаецот е на земја“, се слушаше на снимката.
Пукањето се случи 30 минути пред почетокот на полицискиот час во овој град.
По повод овој настан се огласи и претседателот Доналд Трамп, кој рече дека Владата стои зад полицијата и дека е подготвена да помогне.
„Разговарав со гувернерот Енди Бехар и подготвени сме да работиме заедно“, напиша Трамп.
Полициските службеници пред шест месеци ја застрелаа Бреона Тејлор (26), здравствен работник, откако упаднаа во нејзиниот стан додека спроведувале налог за претрес, како дел од истрагата за наркотици.
Смртта на Бриона Тејлор, како и смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвикаа протести низ САД, за време на кои учесниците побараа расна правда и полицијата да престане да користи прекумерна сила.