Утрински Весник
Магазин

(Видео) НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета во светот

(Видео) НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета во светот

НАСА успешно го тестираше главниот мотор на најмоќната ракета во светот – Space Launch System (SLS).

Моторите работеле повеќе од осум минути за да го симулираат времето што е потребно за ракетата да стигне до вселената од површината на Земјата. СЛС би требало да превезува луѓе на површината на Месечината, првпат од 1972 година.

Експертите го тестираа главниот мотор на ракетата. СЛС се состои од јадро со четири моќни RS-25 мотори и два придвижувачи. Пред да започне тестирањето, инженерите го наполниле главниот мотор со повеќе од 2,6 милиони литри гориво кое се состои од течен водород и течен кислород, пишува Би-Би-Си.

Моторите тестирани вчера биле дел од 21 успешно полетување на шатлови. Два од нив биле користени во последната мисија СТС-135 во 2011 година, а третиот во мисијата во 1998 година кога беше лансирана најстарата личност во вселената – американскиот сенатор и астронаут Џон Глен, кој во тоа време имаше 77 години, а четвртиот за време на летот за сервисирање на вселенскиот телескоп Хабл.

Моторите беа поправени по тие мисии. По првото полетување на СЛС подоцна оваа година, НАСА ќе ги отфрли и повеќе нема да ги користи.

SLS припаѓа на мисијата Артемис-1, чија цел е да ја посети Месечината и другите планети во нашиот Сончев систем.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста