Утрински Весник
Магазин

(Видео) НАСА објави големо откритие: На Месечината дефинитивно има вода

(Видео) НАСА објави големо откритие: На Месечината дефинитивно има вода

Американската вселенска агенција НАСА, денеска потврди дека на Месечината има вода, пренесуваат светските агенции.

„По прв пат потврдивме присуство на вода на страната на Месечината осветлена од Сонцето, со помош на телескопот „Софија“ @SOFIAtelescope“, напиша на „Твитер“ шефот на НАСА, Џим Брајденстин.

Во неговиот твит се наведува дека доправа треба да се испита дали водата на Месечината може да се користи како ресурс, но дека сознанието за нејзиното присуство на земјиниот стателит е клучно за плановите на вселенската агенција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор