Утрински Весник
Свет

(Видео) Надреални сцени во Вухан, организиран фестивал со 11.000 луѓе

(Видео) Надреални сцени во Вухан, организиран фестивал со 11.000 луѓе
300x250 (7)

Илјадници луѓе присуствуваа на музички фестивал во кинескиот град Вухан, во саботата.

На Меѓународниот ден на трудот, кој на големо се празнува во Кина, присутните на фестивалот танцуваа, скокаа и врескаа, додека некои од нивните омилени музичари се појавуваа на сцената.

Img 5587

Фестивалот се врати во Вухан, по едногодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, во градот за кој се верува дека го забележал првиот случај на вирусот во светот и важеше за најголемо жариште на почетокот на минатата година.

https://www.youtube.com/watch?v=AXTZIRnRf3k

Организаторите на дводневниот фестивал изјавија околу 11.000 луѓе присуствувале на концертите во саботата.

Некои од гледачите носеа маски, но повеќето не.

Дводневниот настан обединува познати и помалку познати локални пејачи и бендови на три сцени во Вухан.

Музичкиот фестивал се одржува и во други кинески градови, вклучително и во Пекинг, за време на националниот празник.

Ss1

Можете да прочитате

Во стан на Американка пронајдени во замрзнувач тела на четири нејзини бебиња, нема да и се суди

Лидерот на Хамас во Појасот Газа бара промени во предложениот договор за прекин на огнот

Над 30 лица загинаа во поплавите во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати