Утрински Весник
Македонија

(Видео) Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

(Видео) Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68. минута од мечот, предизвикувајќи аплаузи од сите навивачи на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

Во прегратки со сите соиграчи од репрезентацијата, со малку солзи во очите, Гранде Пандев доби аплаузи од сите присутни на стадионот, од премиерот Зоран Заев, до неговиот поранешен соиграч од Интер, Весли Снајдер.

Секако, мора да се честита и на холандските организатори на мечот, откако прво Пандев доби дрес од холандската репрезентација со бројот 122 по бројот на неговите настапи за Македонија, а потоа и од режисерот кој постојано ги следеше реакциите на неколкуте илјади македонски фанови на трибините.

Капа долу, мајсторе!

Можете да прочитате

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала