Утрински Весник
Свет

(Видео) Мицотакис за пожарот кај Атина: Во предградијата владее вистински кошмар

(Видео) Мицотакис за пожарот кај Атина: Во предградијата владее вистински кошмар

Грчките пожарникари даваат се од себе за да го локализираат огромниот пожар во северните предградија на Атина, пред ветерот повторно да засили, пренесуваат агенциите.

„Владее кошмар во предградијата. Главниот приоритет е да се спасат животите на луѓето“, рече премиерот Киријакос Мицотакис по обиколката на погодената област.

Хеликоптери и авиони се вклучени во гаснењето на пожарот од рана зора. Ветрот е ослабен и противпожарните бригади се обидуваат да го искористат тоа затишје.

„Се надеваме дека ќе го ставиме под контрола пожарот пред ветерот повторно да задува“, изјави началникот на противпожарната бригада за државната телевизија.

Засега нема информации за жртви, а неколку населени места беа евакуирани претходниот ден.

Поради густиот чад, утрово во Атина била намалена видливоста, а воздухот мирисал на изгорено. Пепел паѓа врз куќите и од жителите се бара да не ги напуштаат домовите одосно да ги затворат прозорците.

Во Атина повторно се очекуваат многу високи температури, околу 43 и 44 степени Целзиусови, а метеоролозите предупредуваат дека неподносливата топлина ќе продолжи до крајот на викендот.

Пожари избија и на островите Евбоја, Кос и Родос и на полуостровот Пелопонез.

До вторникот вечерта регистрирани биле 40 активни пожари во Грција.

Можете да прочитате

Папата изјави дека нема да стои со скрстени раце пред прекршувањата на човековите права во светот

Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период

Филипини: Кина испука сигнални ракети кон авион над Јужното Кинеско Море