Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски на трибина по повод една година од првиот заразен: Се наоѓаме во апокалиптична ситуација

(Видео) Мицкоски на трибина по повод една година од првиот заразен: Се наоѓаме во апокалиптична ситуација
Ss2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одржа средба со докторите кои се во првите редови во борбата против Ковид-19, а посочи дека трибината била свикана поради неубав јубилеј, односно година дена од првиот дијагностициран случај на Ковид-19 во земјава.

„Тогаш во тоа време не убедуваа дека опозицијата ширела лажни вести, дека опозицијата била таа која што не знаела што зборува, дека власта ги имала конците во свои раце и дека практично имале стратегија, имале план, имале визија како да спречат понатамошно ширење на вирусот. Не убедуваа дека ќе имаме не повеќе од 2.000 луѓе кои што ќе заболат од овој вирус, за жал денеска имаме повеќе од 100.000 евидентирани, можете да замислите колкава е бројката на тие кои што не се евидентирани“, посочи Мицкоски.

300x250 (7)

Тој додаде и дека повеќе од 3.000 граѓани ги загубиле животите поради, како што кажа, неспособноста на Зоран Заев и владата на СДСМ.

„За жал, и после една година ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту пак имаат стратегија, туку напротив служиме за потсмев. Луѓето буквално играат мајтап со Македонија, единствената држава во Европа која што се уште нема набавено сопствени вакцини. Денеска еден од присутните, претседателот на комисијата, прочита фејсбук-статус од негов колега кој што буквално моли да добие вакцина од министерот, човекот има 65 години. Така што се наоѓаме во една апокалиптична ситуација за здравјето на граѓаните, за здравјето на нацијата и јас навистина единствено нешто што можам во овој момент да побарам е голема општествена поддршка да се совладаат овие неспособни луѓе кои што денеска се наоѓаат во Владата, а потоа да дојдат луѓе кои што знаат како навистина да ги решат напластените проблеми“, посочи лидерот на опозициската партија.

На 26 февруари 2020 година во земјава беше потврден првиот случај на коронавирус, кај жена која одредено време престојувала во Италија. Таа подоцна успешно се опорави од Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ