Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Заев говори за федерализација на Македонија

(Видео) Мицкоски: Заев говори за федерализација на Македонија
Ss2

Реалноста во која што сега живеат граѓаните е тешка, мачна, а ова политичко мочуриште изобилува со многу неправда и понижување, порача од собирот во Дојран, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ова е тој момент, ова е таа раскрсница во која што ние треба да го избереме вистинскиот пат. Дали ќе зборуваме за политичари кои што се присутни на политичката сцена уште во времето на транзицијата, истрошени, потрошени, кои што буквално немаат што да понудат. Или политичари кои имаат визија, стратегија, план како да се справат со предизвиците кои што ни се испречени на патот“, нагласи Мицкоски.

300x250 (7)

Тој изрази убеденост дека секој еден граѓанин полека се буди и се обединува околу обновата која, како што кажа, ќе победи на 15-ти јули.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Заев за да дојде на власт како влог ја става Македонија и говори за нејзина федерализација.

„Јас ви ветувам дека никој повеќе после 15-ти јули нема да владее со овој народ. Туку ќе работи заедно со народот и во интерес на народот. Доста беше од политичари или министри кои што одлучуваат во канцеларии. Нас ни се потребни современи европски, народни политичари кои што заедно со народот ќе ги креираат проектите за иднината на сопствената земја“, порача Мицкоски и од Дојран вети дека по 15-ти јули кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе дојде и правдата во земјата.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина! 

Мисајловски: Граѓаните масовно да излезат на гласање

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори