Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик

Мојот јазик е македонскиот и секогаш ќе остане и за мене и за пратениците од мнозинството, порача од собраниската говорница координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик, па дури во говорите употребуваат и бугарски зборови, и им предложи да си комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат бугарски пасоши и добро го познаваат бугарскиот јазик, за да научат еден јазик плус.

Јас цело време зборувам на македонски јазик, заклучоците коишто ги поднесовме беа токму за заштита на македонскиот јазик и видете ја изјавата на владата ќе видите точно, а не како што греши вашиот претстедател кој не знае кога е кодифициран јазикот, им порача пратеникот на СДСМ Јован Митрески на народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Влошена здравствената состојба на Јакимовски – од затвор вечерва итно пренесен на операција

13-годишник и натаму животнозагрозен – по крвавата пресметка се кројат построги мерки

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница