Утрински Весник
Економија

(Видео) Митрески: Да им помогнеме на граѓаните и компаниите да ги донесеме законите за петтиот пакет мерки

(Видео) Митрески: Да им помогнеме на граѓаните и компаниите да ги донесеме законите за петтиот пакет мерки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Граѓаните, фирмите, навистина имаат сериозен проблем и ние како Собрание имаме обврска, час поскоро да им излеземе во пресрет во оваа светска здравствена и економска криза, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, од собраниска говорница.

„Три дена опозицијата покажува наводна загриженост, а денеска овде во Собранието покажува дека поважни им се пратеничките прашања, отколку помошта за граѓаните. Денеска, кога има пратенички прашања пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат да не се одржи седница на која ќе се донесат овие закони, за што поскоро да им помогнеме на граѓаните и на компаниите“ посочи Митрески.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се однесувала деструктивно и кога се носеше Буџетот за 2021 година и правела се тој да не биде донесен, а државата да мора да функционира преку времено финансирање.

Митрески посочи дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека тоа се докажало и со гласањето на доверба на Владата.

Можете да прочитате

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра