Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Шилегов и Богдановиќ го уништуваат Скопје, исечен е дрворедот на „Орце Николов“

300x250 (7)

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, ги обвини градоначалниците на Скопје и Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, дека продолжуваат да го уништуваат Скопје со сечење на дрвја на улицата „Орце Николов“.

„Решија да го уништат и еден од најубавите дрвореди во Скопје, со срамно образложение дека дрвата биле стари и болни. Не работат ништо, напротив само уништуваат. Ова е вистинското лице на Шилегов и Богдановиќ, ова е нивната поинаква приказна за Скопје“, рече Митева.

Ss1

Таа вели дека Шилегов, Богдановиќ и Заев на 15 мај имале прес конференција на улицата „Орце Николов“ за реконструкција на само еден крак од улицата и зборувале за некаква нивна заложба за поубаво и поурбано Скопје, а сега после неполн месец скопјани се вознемириле од глетката.

„отстранети се 13 дрва. Граѓаните добија ветување од градските власти дека нема да биде исечено ниту едно дрво. Но, еве го резултатот од нивните ветувања. Дали староста и пропаѓањето на дрвјата ја откривате баш тогаш кога вршите реконструкции или проширувања на улици?“, ги праша Митева градските власти.

Според неа, вва јасно покажува дека Богдановиќ и Шилегов немаат долгорочен план на одржливост, ниту знаење или свест за тоа што значи концептот одржлив град.

Текстот (Видео) Митева: Шилегов и Богдановиќ го уништуваат Скопје, исечен е дрворедот на „Орце Николов“ е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Заев: Македонски патриотизам е да си го чуваш и негуваш јазикот бидејќи тој е и нашата татковина

Забрчанец: 15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик

Маричиќ за Денот на македонскиот јазик: Идентитетот ни е потврден и признаен како автентичен меѓу европските идентитети