Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Митева: Испуканите плочки на кејот чинат речиси 70 евра по метар квадратен

(Видео) Митева: Испуканите плочки на кејот чинат речиси 70 евра по метар квадратен
300x250 opst2

Договорот за партерно уредување на Кеј „13ти Ноември“ изнесува речиси 1,5 милиони евра. Огромната разлика во цените која ја согледуваме во тендерите кои ги склучува градот Скопје, со онаа која ја има како највисока на пазарот е зaгрижувачка, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа обвини дека поставените плочки на кејот се веќе уништени и скоро секоја втора плочка е испукана.

Митва рече дека согласно тендерската документација, поединечната цена на плочките за партерното уредување од неколку стотина метри зависи од видот на плочка која е опишан како тип 1,2,3,4 или 5.

„Согласно сликите од тендерската документација можеме да заклучиме дека испуканите плочки се тип 1 и овие плочки чинат 3,700 денари квадратен метар. Ова се цени кои не содејствуваат со реалните цени ниту соодветствуваат со квалитетот. И најверојатно за неколку години повторно ќе се раскопува кејот со цел негова реконструкција, а вртоглаво високите поединечни цени во тендерите ќе останат“, рече Митева.

Таа обвини дека Шилегов е во обид да створи предизборна перцепција дека Скопје има нови проекти, но, како што кажа, истите резултираат со бетонирани дрва од една страна и распукани плочки од друга страна.

Можете да прочитате

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, лишени од слобода две лица

Апсења на Табановце: Италијанка и Германец се обиделе да внесат дрога

Скопјанка пронајдена почината во својот дом