Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари да пријават ако некој ги уценува да гласаат

(Видео) Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари да пријават ако некој ги уценува да гласаат

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 денеска ја посети општина Шуто Оризари каде што оствари средби со пензионерите и граѓаните.

Мисајловски истакна дека за време на средбата гражаните побарале и доста работи каде што надлежна локалната самоуправа, која, како што рече, за жал ништо не прави особено за повозрасните луѓе и пензионерите.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека по завршувањето на овие избори ќе продолжи со средби со граѓаните на Шуто Оризари.

Воедно упати апел до граѓаните да пријават доколку некој им се заканува или некој ги уценува до денот на гласањето.

„Би сакаал да упатам апел до сите граѓани на Шуто Оризари, до сите Роми да излезат и да гласаат независно ако некој ги уценува и од која било партија, да го пријават тоа да се чуствуваат удобно за дента на гласање да излезат и да го дадат гласот за онаа партија што тие сакаат, но важно е да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули за бројот 14“, кажа Мисајловски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика