Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски: Македонија не почнува преговори, туку влегува во лавиринт

Коментирајќи ги денешните настани во Брисел, Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека денес во Брисел имаме две држави, од кој што едната Албанија, реално ќе ги започне преговорите со отворање на реална меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите туку ќе се врати дома за да ги исполни уцените и барањата од Бугарија како предуслов за некогаш по година, две или покасно да ги започне преговорите со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Дека ова не е историски настан и дека владата прави уште една манипулација, укажува фактот што вечерва откако ќе се вратат од Брисел премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, ќе одат во клубот на пратеници на затворена прослава каде што веројатно ќе има и добра храна, но доколку е историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава. Но, се гледа дека тие се срамат од ова што го прават, но се обидуваат преку пиар пропаганда да го претстават денот како голем, успешен историски ден“, проценува Милошоски.

За жал, вели тој, Македонија од денес па натаму влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја која се стреми за членство кон ЕУ.

„Затоа сметам дека фотографијата од Брисел ќе ни послужи добро да ги препознаеме оние коишто во Македонија се неспособни и оние кои во соседството се способни и оваа фотографија ќе биде многу добра за генерациите да се сеќаваат кои луѓе за краткорочна политичка кариера одлучиле свесно да играат улога на предавници“, потенцира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Македонски државјанин инволвирана во случај за тероризам во Швајцарија

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!