Утрински Весник
Магазин

(Видео) Милановиќ снимен како си го закопчува шлицот, па си го брише носот со раката

(Видео) Милановиќ снимен како си го закопчува шлицот, па си го брише носот со раката

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера го одликуваше врхобосанскиот кардинал Винко Пуљиќ за, како што беше истакнато, зачувување на хрватскиот идентитет, како и за меѓурелигиски, културни и хуманитарни активности.

Поради однесувањето на Милановиќ за време на одликувањето, видеото од оваа церемонија набргу стана хит на „Твитер“.

Претседателот на Хрватска стоел до кардиналот, а камерите го снимиле во еден момент како првин си го закопчува шлицот, а потоа со раката си го брише носот, пренесува Klix.ba.

„Првин закопчување на шлицот, па бришење на носот со марамче, па сапун и парфем“, „Гледај го Пуљиќ како го гледа шлицот“, „Избриши му го носот со ракавот“, „Урнебесно. Овој господин до него гледа и се чуди“, „Ова треба да има GIF“, „ Ги покажа сите свои вистински манири“, се само дел од реакциите на „Твитер“.

Можете да прочитате

Името на бебето на Бони Блу ќе се продава на аукција

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари