Откако контроверзниот прв филм се покажа како главен хит на „Нетфликс“, 365 Days: This Day се враќа за да ја продолжи љубовната приказна на Лаура и Масимо, испреплетена со мафијашки работи што им го комплицираат животот на љубовниците.
Продолжението на еротската крими-драма, базирана на првата книга од еротската трилогија на полската писателка Бланка Липинска, ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“ денес (27 април).
Лора и Масимо се враќаат и се посилни од кога било. Сепак, семејните врски на Масимо и мистериозниот човек кој сака да го освои срцето на Лора водат до нов заплет.
Продолжението почнува со критичниот момент од првиот филм, каде што судбината на Лаура беше неизвесна по нападот на ривалско мафијашко семејство. Очекувано, таа преживеа и продолжението започнува со венчавка на Лаура и Масимо.
Нивниот меден месец не трае долго. На површина излегува тајна од минатото на Масимо, токму кога Лаура почнува да се зближува со енигматичниот градинар Начо.
Критичарите не ги штедеа лошите зборови во своите рецензии за првиот филм, објаснувајќи дека станал популарен само поради порнографската содржина. Лошите коментари се однесуваа на тоа дека филмот го романтизира киднапирањето и присилната љубовна врска.
Жешките бизарни сцени беа причина многумина да го стават на врвот на листата на најексплицитни еротски филмови, а Италијанецот Микеле Мороне (Масимо) – водач на сицилијанска мафија кој ја киднапира жената од своите соништа и ѝ дава 365 дена да се заљуби во него – преку ноќ стана еден од најпосакуваните мажи.