Кафеава мечка дошла во станбена област во Јапонија во петокот и повредила четири лица, по што била убиена, објави јапонската телевизија НХК.
Жител на градот Сапоро, кој годинава треба да биде домаќин на олимпискиот маратон и трката во брзо одење, прв ја забележал мечката на улица во раните утрински часови, пишува Си-ен-ен.
Набргу потоа, полицијата од островот Хокаидо на „Твитер“ напишала дека започнале потрага по мечката.
„Ако забележите мечка, бидете многу внимателни, веднаш напуштете ја областа и јавете се на 110“, предупреди полицијата.
Снимките објавени од локалната медиумска куќа ХТБ Хокаидо њуз покажуваат мечка како трча низ областа, преминува преку прометна улица и гребе по влезната врата од касарна, по што избега.
Полицијата подоцна соопшти дека мечката нападнала тројца мажи, од кои едниот бил тешко повреден, како и една жена на возраст од околу 80 години. Двајца мажи од локалниот ловечки клуб ја застрелале мечката околу 11 часот во близина на аеродромот во Сапоро.
Текстот (Видео) Мечка влезе во станбена област во Јапонија и почна да напаѓа луѓе е превземен од МАКФАКС.