Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Меркел ги замоли граѓаните да се придржуваат кон корона-мерките

(Видео) Меркел ги замоли граѓаните да се придржуваат кон корона-мерките
Img 7972

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до своите сонародници да ги намалат социјалните контакти за време на Божик, нагласувајќи дека научниците практично ги молат граѓаните да се придржуваат кон научните упатства.

Секогаш собрана и студена, Меркел сега ги замоли Германците да се придржуваат кон пропишаните мерки во емотивен настап, скоро на работ на солзи.

„Бројот на контакти е преголем, намалувањето на контактите не е доволно“, рече Меркел во германскиот парламент.

„Извинете, навистина ми е жал од дното на моето срце, но ако цената што ја плаќаме е 590 смртни случаи на ден, тогаш според мене тоа е неприфатливо“, рече таа, видливо вознемирена од пратениците и граѓаните.

Обраќајќи им се на пратениците, Меркел рече дека ограничувањата воведени на почетокот на ноември не се покажале ефикасни, бидејќи пред празниците се регистрирани голем број смртни случаи поврзани со коронавирус и прием на единици за интензивна нега.

„Ако имаме премногу контакти пред Божик и на крајот тоа е последниот Божик со нашите баби и дедовци, тогаш ќе сториме нешто погрешно. Не треба да дозволиме тоа да се случи”, рече таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари