Утрински Весник
Свет

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност која не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло појавување како дел од кампањата на Трамп.

На почетокот на својот говор, таа ја коментираше комуникацијата на Трамп со јавноста преку „Твитер“ и рече дека не секогаш се согласува со начинот на кој ги претставува работите.

„За прв пат во историјата, граѓаните на оваа земја можат да го слушаат нивниот претседател директно и секојдневно преку социјалните мрежи. Јас не секогаш се согласувам со начинот на кој тој ги кажува работите, но важно е тој да разговара директно со луѓето на кои им служи“, рече Меланија.

Таа рече и дека медиумите создале поинаква слика за него.

„Доналд има големо срце и одлична смисла за хумор. Тој сака да им помага на луѓето. Но, кога реши да се кандидира за претседател како републиканец, медиумите создадоа поинаква слика за него – онаа што јас не ја препознавав. Неговите приврзаници се третирани со ист презир“, кажа Меланија додавајќи дека медиумите одлучиле да се фокусираат на приказни за разни озборувања и интриги.

“На пример, главната цел на мојата иницијатива ‘Биди најдобар’ е да им помагам на децата. Сепак, медиумите избраа да им го одземаат фокусот на децата и да се фокусираат на негативни работи. Но, тоа нема да ме спречи во мојата намера да правам добро”, заклучи Меланија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови

Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна