Утрински Весник
Магазин

(Видео) Меланија повторно не му дозволи на Трамп да ја фати за рака

(Видео) Меланија повторно не му дозволи на Трамп да ја фати за рака

Доналд и Меланија Трамп, заедно со нивниот син Барон, се вратија во Вашингтон по изминатиот викенд поминат во голф-клубот на Трамп во Њу Џерси.

Како што може да се види на видеото, додека се симнуваат од претседателскиот авион, првата дама на САД двапати го избегнува обидот на својот сопруг да ја фати за раката.

Ова не е првпат Меланија да е воздржана кон изразување физичка блискост со својот сопруг во јавноста.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Според научниците видот на кафето може да го заштити нашето здравје

Ова се најевтините туристички дестинации во светот за 2026 година

ВАРДАКС АД: Повторно започнува функционирањето на продуктоводот