Утрински Весник
Свет

(Видео) Мајами Бич го наполнија туристи, властите им воведоа полициски час

(Видео) Мајами Бич го наполнија туристи, властите им воведоа полициски час

Градот Мајами Бич на југот на Флорида прогласи вонредна состојба, откако влегоа голем број на туристи, додека се уште трае пандемијата на коронавирус.

Градоначалникот на Мајами Бич, Ден Гелбер рече дека од вчера, од 20 часот, воведен е полициски час, а затворени се и шеталиштата покрај плажата.

„Премногу доаѓаат, навистина, без намера да ги следат правилата. Резултатот е хаос и нешто повеќе од тоа што ние можеме да го издржиме“, изјави Гелбер за Си-Ен-Ен.

Полицијата во Мајами Бич соопшти дека уапсила најмалку десетина лица по почетокот на полицискиот час.

Мерките ќе бидат на сила во наредните 72 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нова трагедија на Крит: Девојче се задави со суфлаки

Во Газа досега загинаа 232 новинари

Италијанските центри за мигранти во Албанија се скапи и неефикасни