Утрински Весник
Економија

(Видео) Маркоска: Продолжува бескаматната кредитна линија

(Видео) Маркоска: Продолжува бескаматната кредитна линија
Dik 300x250 mk

Продолжува поддршката за стопанството и работниците преку навремените и ефикасни економски политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, истакна пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска.

„Продолжува реализацијата на бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Досега, одобрени се 2.583 кредитни барања во вкупен износ од 29,3 милиони евра“, рече Маркоска.

„Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 52 кредитни барања се од занаетчии. Вкупниот буџет за оваа кредитна линија за бескаматни кредити кои се реализираат преку Развојната банка изнесува 31 милион евра“, информира Маркоска.

Според неа, ова се финансиски средства кои завршуваат како директна помош во македонската економија во справувањето со последиците од коронакризата и зајакнување на ликвидноста на малите и микрo компании како и на занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

Можете да прочитате

„БИЗНИС ЛИДЕР“ ГИ НАГРАДИ ТИТАНИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: ВТОРО ИЗДАНИЕ НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ БИЗНИС НАСТАН

Просечната нето плата во август 45 310 денари

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи