Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Мали нешта“: Крими-драма поинаква од останатите

(Видео) „Мали нешта“: Крими-драма поинаква од останатите

„Корнукопија од таленти“ – така режисерот Џон Ли Хенкок ги опишува тројцата оскаровци кои ги ангажираше за неговиот најнов филм „Мали нешта“(The Little Things).

Филмските критичари оценија дека „Мали нешта“ се разликува од другите крими драма трилер филмови.

Крими драмата со седиште во недопирлив дел на Лос Анџелес навистина изобилува со актерски таленти кои испорачуваат неверојатна глума – Дензел Вашингтон, Рами Малек и Џаред Лето.

Дејствието сместено во 90-тите години на минатиот век – кога сценариото за прв пат ја виде светлината на денот – нема ни трага од холивудскиот гламур.

Вашингтон го глуми Џо Дик, исцрпен полицаец од старата школа кој се враќа назад на неговиот терен за да помогне во фаќање на сериски убиец. Тој се здружува со Џим Бакстер (Малек), помлад детектив кој се обидува да го зацврсти својот углед на голем случај под огромен притисок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста